Hale Türkeş
28 Ноември 2015•Ажурирај: 29 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Рушењето на рускиот борбен авион во текот на загрозувањето на турскиот воздушен простор е само уште една жртва на сириските конфликти. Иако инцидентот создаде краткорочни турбуленции во турско- руските односи, тие нема да бидат причина и да ги нарушат. Взаемниот односот има доволно длабочина и политичко-економски капитал за да се надмина ваквата криза, пишува во својата колумна за "Дејли Сабах", Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пишувајќи за саботното издание на спомнатиот весник, Калин наведува:
"Во минатото руските авиони го имаат загрозено турскиот воздушен простор, повеќе пати но се чини дека предупредувањата на Турција не беа прифатени од страна на руската војска. Неодамна на Самитот на лидерите на Г-20 во Анталија, претседателите Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин повторно го покренаа ова прашање и се согласија дека треба да се избегнуваат било какви инциденти долж турско-сириската граница."
"Ова не беше непријателски чин кон Русија. Идентитетот на воениот авион беше познат по пукањето. И покрај големите разлики околу сириските конфликти, на Турција на мета не и беа руските интереси. Двете земји во текот на последната деценија развија силни економски односи создавајќи нови можности за своите граѓани. Турско- руските односи имаат доволно ширина и длабочина како би се надминале овие турбуленции" ,пишува Калин во својата колумна посветена на сириската војна и турско руските односи.
Понаттаму, колумнистот пишува дека "и покрај критиките од Запад наменети за претседателот Ердоган кој негува посебен однос со претседателот Путин, тој изрази жалење за инцидентот". Во изјавата за France24, тој додаде "Да знаевме дека се работи за руски авион, ќе делувавме многу поинаку" , пишува Калин, цитирајќи го претседателот Ердоган.
Како што рече премиерот Ахмет Давутоглу, "соборувањето на неидентификуван авион во турскиот воздушен простор не беше - и не е - акт против одредена земја. Турција презеде мерки, врз основа на постојани правила на ангажирање, за да се заштити интегритетот на својата суверена територија. Додека мерките за одбрана на нашето подрачје ќе останат во место, Турција ќе работи со Русија и нашите сојузници за да ги смири тензиите", пишува Калин, цитирајќи го и премиерот Давутоглу.
Колумнистот наведува дека "тврдењата дека Турција го поддржува ДАЕШ и купува нафта од нив се дел од хајката која нема основа." Калин пишува и дека оние кои дале таквите тврдења допрво треба да дадат конкретни докази.
"Но, она што го знаеме за сигурно е фактот дека и САД и ЕУ ги санкционираат клучните луѓе за купување нафта од ДАЕШ во име на режимот на Асад. Тие го вклучуваат сирискиот бизнисмен Џорџ Хасвани, Мудалал Кури, сириски банкар, и Кирсан Илјумжинов богат руски бизнисмен и претседател на Светската шаховска федерација."
Во однос на странските терористи кои навлегуваат во Сирија, Турција има направено повеќе од која било друга земја, наведува колумнистот истакнувајќи дека Турција "депортирала над 2.500 лица, а за 25.000 луѓе е забранет влез во земјата, под сомневање за тероризам. Уапси стотици лица под сомневање за врски со ДАЕШ."
Играта со обвинувањата треба да прекине; наместо тоа, треба да се концентрираме на водење на ефикасна борба против ДАЕШ, смета колумнистот.
Има и други прашања во врска со руски воени дејства во туркменските планински региони во близина на Турција, пишува Калин.
"Ако Русија е сериозна во врска со елиминирањето на ДАЕШ, треба да го запре бомбардирањето на анти-ДАЕШ-ките сириски групи и да помогне во процесот на политичката транзиција што ќе им стави крај и на режимот на Асад и на тероризмот на ДАЕШ. Непотребната поделба меѓу членовите на анти-ДАЕШ коалицијата само ќе им помогне на терористите и на режимот на Асад", напиша во својата колумна Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.