Hande İlbeyi Canca
28 Ноември 2015•Ажурирај: 28 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, во врска со денешниот терористички напад во Дијарбакир, изјави дека мета на овој напад не е само претседателот на адвокатската комора Тахир Елчи, туку Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу на конференцијата за новинарите во Анкара, говорејќи за денешниот терористички напад рече дека нападот во најкраток можен рок ќе биде расветлен и одговори на одредени тврдења дека се работи атентатот на Тахир Елчи.
"Ние никогаш не допуштаме работите да останат неразјаснети. Доколку постои можност за атентат, тоа ќе покаже детална истрага и ние ќе го пронајдеме оној кој стои позади тоа. Кој и да го направил тоа, метата е јасна. Метата не е само почитуваниот, Тахир Елчи, туку Турција" , порача Давутоглу.
Тој прати порака и на оние, како рече, кој низ различни тврдења за сокривените елементи и предрасути сакаат да делуваат на жителите на Дијарбакир.
"Отворено порачувам, ние никогаш не дозволивме и нема да дозволиме работите да останат неразјаснети. Ако преку овие случаи во Турција сакаат да произведат нови превирања, ние на тоа нема да се однесуваме пасивно" , рече Давутоглу.
Потсетуваме, терористите денеска отворија оган на претседателот на адвокатската комора, Елчи во Сура, предградјето на Дијарбакир, точно пред џамијата Шејх Мухтар, во улицата Јенилкапи. Се раоти за џамија изградена во 1500 година, која е оштетена за време на поранешни терористички активности. Конференцијата за новинарите се однесуваше токму за оштетената џамија.
Елчи на лице место го загуби животот, а еден од трите ранети полицајци почина откако беше однесен во болница. Помеѓу ранетите лица се наоѓа и новинарот на АА, Азиз Аслан.