Ekip
07 Декември 2015•Ажурирај: 08 Декември 2015
ДИЈАРБАКИР (АА) - За време на утринските напади на припадниците на терористичката организација ПКК во местото Сур, турската провинција Дијарбакир, дојде до пожар во Фатих Пашината џамија, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа џамија е првата историска градба направена во доба на Османлиското Царство, во овој град.
Се претпоставува дека терористите фрлиле експлозивна направа која го предизвикала пожарот. Откако полицијата и ватрогасните екипи стасале на местото на настанот, терористите отвориле оган на нив. Поради борбата помеѓу полицијата и терористите, пожарот не е на време изгазнат туку се проширил, поради што е причинета материјална штета во голем дел од џамијата.
Џамијата која терористите на нападнале ја изградил Мехмет Паша помеѓу 1516 и 1520 година. Поради тоа што нејзината купола е покриена со олово, се нарекува Куршумлиска.
Терористите и порано ја напаѓале оваа џамија. Во тој напад со оружје со голем калибар оштетени се вратите од џамијата, sидот и џамовите, а загина и полицајец Мустафа Катирли. .
Ова не е единствената џамија која терористите ја нападнале. Честа мета на нападите се и другите џамии, како и одредени цркви.