Izzet Taskiran
07 Декември 2015•Ажурирај: 07 Декември 2015
ИСТАНБУЛ (АА)- Откако е затворен воздушниот простор на северот на Ирак, турската авиокомпанија Turkish Airlines (THY) откажа некои од своите летови за Сулајманијах и Ербил, во Ирак, планирани за денеска и утре, јавува Anadolu Agency (AA).
На службената страница на THY е наведено соопштение во кое патниците што требаше да патуваат во Сулајманијах и Ербил, да ја следат службената страница на авиокомпанијата на www.thy.com за да благовремено бидат информирани за времето на летот.