İdris Okuducu,Hamit Hüseyin
01 Ноември 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
МОСУЛ (АА) - Во продолжeние на операциите за ослободување на Мосул, во источниот кварт Гаѓали, на само еден километар од центарот на градот се водат жестоки судири меѓу ирачката војска и терористите на ДЕАШ, а цивилното население ги напушта своите домови и бега кон побезбедни подрачја надвор од Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
Цивили од источните делови на Мосул, кои се средиште на судирите, бегаат во колони кон територијата контролирана од страна на курдските сили на Пешмерга.
Со цел да не се најдат на удар на воените сили што ја спроведуваат операцијата за ослободување на градот, цивилите на возилата ставаат бели чаршави како знак дека бараат засолниште надвор од воената зона.
Ирачките сили го прифаќаат бранот бегалци од Мосул и најавуваат дека сите тие цивили ќе бидат згрижени во новоотворениот бегалски камп во местото Хазир, југоисточно од Мосул и под контрола на ирачката војска.
Здружените ирачки сили веќе две недели спроведуваат опсежна операција за ослободвање на Мосул од терористите на ДЕАШ, додека специјална единица на ирачката армија наречена „Златни сили“, денес влезе во источниот мосулски кварт Гаѓали. Така, ирачките сили стигнаа на само еден километар од центарот на Мосул, каде што има над милион цивили.