Gökhan Kavak
01 Ноември 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
АБУЏА (АА) - Според веста којашто ја објавија националните медиуми во Нигерија, на североистокот од земјата, на контролен пункт на војската извршен е бомбашки напад со лесно товарно возило полно со експлозив, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од експлозијата животот го загубиле возачот на возилото и уште 8 лица. Сѐ уште никој не ја преземал одговорноста за нападот. Во врска со истрагата која е во тек, официјалните лица изјавија дека се претпоставува оти можни сторители на бомбашкиот напад да се припадниците на организацијата Боко Харам.
Организацијата Боко Харам, која постои од 2000 година, по смртта на лидерот на организацијата, Мухамед Јусуф, во притвор во 2009 година, започна со насилни акции, во кои 17.000 лица ги загубија животите. Се смета дека организацијата стои зад многубројните киднапирања на војници. Од минатата година, организацијата започна со активности и во соседните земји Камерун, Бенин, Чад и Нигерија, а во последниве денови ги интензивираше своите напади.