Tuğrul Çam
01 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Американската администрација соопшти дека ќе прати специјалци во Ирак кои би требало да ги ослободуваат заложниците и да ги фаќаат лидерите на ДАЕШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот министер за одбрана Ештон Картер изјави дека американските специјални сили ќе бидат задолжени да да спроведуваат рации.
"Ти специјални сили во иднина ќе можат да спроведуваат рации, да ослободуваат заложници, да собираат разузнавачки податоци и да ги фаќаат челниците на ДАЕШ" , рече Картер.
САД во Ирак ќе пратат специјални сили за да им помогнат на ирачките власти во борбата против терористите на ДАЕШ, а ќе се изведуваат акции и во Сирија
"Се наоѓаме во војна. Користиме вооружени сили кои се најсилни, што светот до сега ги видел. Во регионот на Блискиот Исток ангажирани се десетици илјади Американци, а многумина се веќе на пат" ,рече Картер.
Додаде и дека коалициските сили предводени од САД ги засилиле нападите до "најголемо ниво" во ноември од почетокот на кампањата во август 2014 година.