İzzet Taskiran
26 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Асоцијацијата за патнички искуства во авиосообраќајот (Airline Passenger Experience Association - АPEX) на авиокомпанијата „Turkish Airlines“ (Туркиш ерланјс) ѝ ја додели наградата „Глобална авиокомпанија со 5 ѕвездички“, јавува Anadolu Agency (AA).
Одделот за медиуми на „Turkish Airlines“ објави дека во американската сојузна држава Калифорнија, во рамките на „Експо 2017“ била организирана церемонија на доделување на „APEX – награди по избор на патниците“.
Добивајќи ја наградата „Глобална авиокомпанија со 5 ѕвездички“, „Turkish Airlines“ уште еднаш потврди дека е глобален лидер во услугите и конфорот што им го нуди на своите патници, и докажа дека е најреспектабилна авиокомпанија во многу категории, како што се исклучителниот квалитет на услугата, кетеринг-концептот и приватните патнички салони.
„Turkish Airlines“, кој е лидер во својот сектор, во изминатите месеци беше награден со 4 награди од страна на „Skytrax“ (Скајтракс, компанија специјализирана за рејтинг во воздушниот сообраќај), поставувајќи ја „Turkish Airlines“ како една од важните теми на дискусија во овој сектор.
Во изминатите 9 години, „Turkish Airlines“ ја доби наградата за „Најдобра авиокомпанија во Јужна Европа“, во 2013, 2014, 2016 и во 2017 ја доби наградата за „Најдобра кетеринг услуга во бизнис класата“, во 2015 година наградата „Надобар приватен салон за патници во бизнис класата“ и 2015, 2016 и 2017 година, наградата „Најдобар кетеринг во приватен салон на патници од бизнис класата“.
- „Се трудиме на нашите патници да им го овозможиме најдоброто патничко искуство“ -
Илкер Ајџи, претседател на Одборот на директори и извршниот комитет на „Turkish Airlines“, истакна дека добивањето на наградата „Глобална авиокомпанија со 5 ѕвездички“ претставува најголем мотив за сиот вложен труд од страна на компанијата, нејзините патници во авионите на „Turkish Airlines“ да го имаат своето најдоброто патничко искуство.
Ајџи истакна дека „Turkish Airlines“ е фокусирана на развивање и давање различни и нови услуги, овоможувајќи им на своите гости уникатно и удобно патичко искуство. „Како што досега од нашите конкуренти се разликувавме според принципот во давањето основни услуги кон патниците, на ист начин ќе продолжиме и во иднина да ги одредуваме стандардите на ова поле“, изјави Ајџи.