Uğur Aslanhan
16 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Списанието „Запис на новини во инженерството“ (Engineering News Record – ENR) го избра тунелот Евроазија како „Најдобар тунелски проект во светот“ за 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сопштението на компанијата за градежно управување и инвестиции (АТАШ), тунелот Евроазија доби награда на настанот на кој се доделува признание за најдобар тунелски проект во светот организиран од страна на списанието што постои од 1874 во САД.
Исто така, оваа година од страна на Генералниот директорат за инфраструктурни инвестиции при Министерството за транспорт, поморство и комуникации, тунелот Евроазија што ќе поминува по линијата Казличешме-Ѓозтепе и ќе биде управуван според моделот „Гради-управувај-трансферирај“ беше избран за проект на годината во категоријата проекти за тунели и мостови.
На церемонијата за доделување на наградата, која се одржа во Њујорк, покрај претставниците на инвеститорите на проектот на фирмата „Јапи Меркези“ и „Е и С“, присуствуваа и меѓународни технички советници, лидери во оваа област кои придонесоа во реализацијата на проектот.
На церемонијата присуствуваа претседателот на Управниот одбор на холдингот „Јапи Меркези", Ерсин Ариоглу, претседателот на управниот одбор на АТАШ, Башар Ариоглу, управителот на АТАШ, Сеок Је Сео и членовите на управниот одбор на АТАШ.
Наградата за проектот му беше врачена на претседателот на управниот одбор на АТАШ, Башар Ариоглу. Во своето обраќање, Ариоглу рече дека тунелот Евроазија претставува гордост и за турското и за светското инжинерство и дека во Истанбул оствариле проект што го привлече светското внимание.
Истакнувајќи дека успешното завршување на проектот ќе ги охрабри за многу проекти за коишто досега немале хрброст да ги остварат, Аиоглу рече:
„Овој проект ќе биде причина за започнување едно ново тунелско движење за изградба на подлабоки, поголеми и подолги тунели. Поради оваа причина, тунелот Евроазија го оценуваме како проект што ја започнал новата ера во тунелството“.
Отворањето на проектот што доби меѓународни награди се очекува да биде на 20 декември годинава.