Kaamil Ahmed
07 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска започна изградба на нов ѕид околу блокираниот Појас Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите во весникот „Едиот ахронот“ (Yedioth Ahronoth), изградбата на ѕидот ќе чини 531 милион долари.
Наводно, ѕидот е дизајниран да биде и подземен и надземен и како таков би ги блокирал тунелите за кои Израел смета дека му припаѓаат на Хамас, кој управува со Газа.
Во мај, израелските операции во Газа при уништувањето на тунел доведоа до размена на оган меѓу двете страни, со тоа што Хамас испука минофрлачки гранати на позициите на Израелците.