Sefa Mutlu
08 Октомври 2016•Ажурирај: 09 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул со автомобил помина низ тунелот Евроазија, кој во еден дел поминува под дното на морето ги ја спојува Европа и Азија, а чие отворање е планирано на 20 декември 2016, јавува Anadolu Agency (AA).
Се работи за многу важен сообраќаен и инфраструктурен проект, а во придружба на претседателот Ердоган, беа и премиерот Бинали Јилдирим и министерот за сообраќај, поморство и комуникации Ахмет Арслан.
Ердоган и министрите со автомобил од азискиот дел низ тунелот преминаа во европскиот дел на Истанбул и повторно се вратија на локацијата Харем. При денешната посета на градилиштето, Ердоган е информиран за работите на тунелот.
Тунелот Евроазија е долг 5,4 километри, а вкупната делница на која се наоѓа овој тунел, а која ги спојува истанбулските квартови Казилчесме и Ѓостепе изнесува 14,6 километри. Предвидено е дека возењето на оваа релација ќе трае околу 15 минути.