Ömer Musa Targal
12 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Високи функционери на Аргентина и Чиле, потпишаа договор за формирање на заедничка организација кое ќе го води проектот за меѓународниот премин, тунелот Лас Ленс, кој ќе ги поврзува двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Јавуваат дека во главниот град Буенос Аирес, во палата Сан Мартин, која е во склоп на Министерстото за надворешни работи, двете делегации оствариле средба со цел формирање на „Ебиленас“, организација кое ќе го води проектот.
Аргентинскиот помошник-министер за надворешни работи, амбасадорот Карлос Форадори, на прес-конференцијата изјави: „Подобрувањето на физичката поврзаност меѓу две земји треба да биде државна политика.“
Форадори рече дека проектот претставува многу битен елемент за поврзувањето на Атлантско-пацифичката оска, истакнувајќи дека овој проект, освен за Аргентина и Чиле, пред сѐ е од големо значење и за целиот регион.
На крајот од состанокот Форадори и министерот за јавни работи на Чиле, Алберто Ундурага Висуна, го потпишаа договорот.
Изјавија дека тунелот кој ќе се гради под планинскиот венец на Андите, ќе биде на надморска висина од 2.000 метри, со должина од 11,5 километри.
Тунелот кој што ќе ja поврзува областа Сан Рафаел, од државата Мендоза во Аргентина, со областа Генерал Бернардо О Хигинс во Чиле, ќе функционира преку целата година.