Ömer Musa Targal
25 Февруари 2016•Ажурирај: 26 Февруари 2016
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Неколку илјади вработени во јавниот сектор во Аргентина се собраа на антивладиниот протест во Буенос Аирес протестирајќи против политиката на претседателот Маурисио Maцрија кој на таа функција дојде со победата на претседателските избори што се одржаа пред три месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
На покана на Унијата на државни службеници на Аргентина (АТЕ) прогласн е генерален штрајк на јавната администрација, а илјадници демонстранти се собраа на Мајскиот плоштад пред претседателската палата во Буенос Аирес.
Претседателот на АТЕ, Хуго Годој тврди дека Мацрија со доаѓањето на власт поради идеолошки причини отпушти 10.000 вработени во јавните служби.
Извикувајќи слогани против претседателот и неговата политика, демонстрантите побараа да се вратат отпуштените работници.
Демонстрантите на крајот мирно се разотидоа, а не беа забележани ни поголеми инциденти.
Аргентинскиот претседател и неговата претходничка на таа функцијата, Кристина Фернандез де Киршнер, претходно најавија реформи во јавната администрација, што според нивното мислење работат премногу луѓе.