Ömer Musa Targal
16 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Аргентинската крајбрежна стража потона кинески рибарски брод кој нелегално делувал во водите на Аргентина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на крајбрежната стража на Аргентина се вели дека нивниот тим забележал кинески рибарски брод со ознака "Лу Јан Јуан Ју 010", при што тимот истрел ал предупредувачки истрели и ги предупредил преку радио.
Екипажот на кинескиот рибарски брод не реагирал на тоа, но повеќепати свесно се обидел да предизвика судир со бродот на аргентинската Крајбрежна стража. После тоа, кинескиот брод бил потопен а четворица членови од екипажот се спасени.
Останатите членови на екипажот успеале да се качат на друг рибарски брод. За овој случај, е известено Министерството за надворешни работи на Аргентина и Амбасадата на Кина во Буенос Аирес.