Ömer Musa Targal
24 Март 2016•Ажурирај: 25 Март 2016
БУЕНОС АИРЕС (АА) – Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Барак Обама, во текот на посетата на Аргентина изјави дека терористичката организација ДАЕШ ги убива муслиманите на Блискиот Исток, пренесува Anadolu Аgency (AA).
По посетата на Куба, Обама отпатува за Аргентина, каде во главниот град, Буенос Аирес, се состана со претседателот на државата, Маурицио Марси.
Американскиот претседател на прес-конференцијата го насочи своето вниманието кон изјавата на кандидатот за претседател на САД, Тед Круз, кој рече дека потребно е полицијата да патролира низ муслиманските населби.
Овој пристап Обама го смета за „погрешен и не-американски”.
„Една од најважните работи која им дава сила на САД е тоа што имаме едно интегрирано ‘муслиманско-американско општество’, кое е многу успешно и ја сака својата земја”, порача претседателот на САД, Барак Обама.
Зборувајќи за ДАЕШ, Обама рече дека оваа терористичка организација ги труе мозоците на младите луѓе ширум светот.
„ДАЕШ убива невини луѓе чија најголема вина е тоа што тие веруваат во поинаков ислам од нив”, рече Обама.
На крајот заклучи дека борбата против ДАЕШ во Ирак и Сирија агресивно ќе продолжи сè додека терористите не бидат целосно уништени.