Alma Çekovic
27 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Напаѓачот на Аргентина и Барселона, Лионел Меси, по поразот во финалето на Копа Америка, најави дека веќе нема да игра за репрезентацијата.
„Мојата репрезентативна кариера заврши. Сторив колку што можев. Криво ми е што не станав шампион”, изјави 29-годишниот фудбалер, пренесува Би-Би-Си.
Чиле втора година по ред ја порази Аргентина во финалето на Копа Америка. Регуларниот дел на натпреварот заврши без голови, а Чилеанците беа поумешни во изведувањето на пеналите па на крајот успеаа да ја одбранат титулата со резултат 4:2.
Меси од кај Аргентинците прв им пристапи на пеналите, а ударот го изведе лошо и топката заврши над голот, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Имаше четири финалиња. Не ми беше судено. Се обидов и тоа беше нешто што најмногу го сакав, но не успеав да го освојам така што сметам дека е готово”, изјави еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Меси за Аргентина одигра 112 натпревари, а постигна 55 погодоци.