Onur Usta
04 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
ПАРИЗ (АА) – Вагнер Рибеиро, менаџерот на бразилскиот напаѓач Нејмар, кој е првотимец во шпанската екипа Барселона, изјави дека е можен трансфер на бразилскиот напаѓач Неимар во редовите на францускиот клуб Париз Сен Жермен (PSG), јавува Anadolu Agency (AA).
Рибеиро за францускиот весник "L'Equipe" изјави дека договорот на 24-годишниот Нејмар со екипата на Барселона истекува на крајот од сезоната 2017/2018, потсетувајќи: „Да се живее во град како што е Париз и да се игра во екипа како што е ПСЖ, претставува сон за секој играч. Доколку ПСЖ покаже интерес за Нејмар, би можеле да се сретнеме. Штом ПСЖ плати 193 милиони евра, договорот со Барселона се раскинува. Мислам дека ова за ПСЖ не е нерешлив проблем“, рече Рибеиро.
Минатиот месец поради наводно даночно затајување во Шпанија, на Нејмар во родната земја му беше изречена казна од 45 милиони евра. За Неимар, кој во последно време често се појавува пред суд, отворена е и друга истрага пред Националниот суд во Мадрид, поради сомнеж за криење на висината на договорот со којшто тој премина од редовите на екипата на Сантос во тимот на Барселона.
Оваа сезона Нејмар во дресот на Барселона одигра 39 натпревари, при што постигна 27 гола и имаше 23 асистенции.