Şenhan Bolelli
21 Октомври 2016•Ажурирај: 22 Октомври 2016
МАДРИД (АА) - Шпанскиот фудбалски клуб Барселона го продолжи договорот со бразилскиот интернационалец Неимар до 2021 година за цана од 200 до 250 милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на клубот се вели дека 24 годишниот Неимар, чиј договор завршува на крајот од 2017-2018 сезона, го продолжил договорот со Барселона до 20 јуни 2021 годдина.
Според постигнатиот договор, Неимар за возврат од клубот ќе добие надоместок од 200 до 250 милиони евра, кој би се менувал во зависност текот на годините.
Неимар во екипата на Барсеона од бразилскиот Сантос пристигна во 2013 година. За клубскиот канал, со симпатизерите на Барселона Неимар го сподели следното:
„Во Барселона се чувствувам како дома. Многу сум среќен што го продолжив договорот. Тука има извонредни фудбалери. Пред трансферот во Барселона бев исплашен од големиот број на квалитетни фудбалери во екипата, но откако влегов во тимот, видов дека фудбалерите со кои играм се многу скромни. Имам многу добри пријатели во екипата. За Барселона знаев дека е многу голем клуб. Почетокот за мене беше тежок, но секој од клубот ми помогна да се прилагодам“.
Бразилскиот репрезентативец Неимар во дресот на Барселона одигра 150 натпревари во кои постигна 91 гол.