Dejan Maksimoviç
03 Декември 2016•Ажурирај: 03 Декември 2016
МАДРИД (AA) – Зиндин Зидан, тренер на Реал Мадрид не сакаже воочи денешниот Ел-Класико било кој од двата тима да ги стави во улога на фаворити. Посебно не својот, иако во 173 дерби влегува со шест бода предност на табелата и низа од дури 32 натпревари без пораз во сите натпреварувања. Но недешната средба со Барселона се игра на нејзиниот Ноу Камп, па поради тоа јасно е што Зидан рече дека шансите се 50:50, јавува Anadolu Agency (AA).
Францускиот тренер истакна дека Реал Мадрид секогаш игра со голема желба да победи, па така ќе биде и денеска.
„Ќе настојуваме на најдобар можен начин да го одиграме натпреварот. Ако добро влеземе во мечот и бидеме концентрирани, можеме да очекуваме добар резултат. Не размислувам за тоа да одиме на реми. Сакаме да играме добар натпревар. Сите сакаме да го дадеме најдоброто што може и не мислиме за крајниот резултат. Ќе играме со многу интензитет. тоа е сигурно. Меѓутоа, ни се фокусирав на тактиката која ја користеше Реал Сосиедад во неодамнешното реми со Барселона, бидејќи Ел-Класико е нешто сосема поинакво", рече Зидан за шпанските медиуми.
Претставниците на медиумите ги интересираше дали играта на Реал ќе зависи од Лионел Меси, кој е најголемата закана за тимот на Французинот.
Луѓето мислат дека е неопходно тие да победат, бидејќи имаме шест бодови предност, но тоа не е така баш лесно. И на нас ние потребна победа. Меси е еден од најдобрите фудбалери на Барселона, но имаат тие уште многу добри играчи. Не можам да знам што ќе се случи. Одиме на Ноу Камп да играме фудбал. Никогаш не сметаме однапред, бидејќи тоа не е добро. Апсолутен фаворит не постои, сметам дека шансите се“,заклучи Зидан.
Големиот дерби, еден од најголемите на светот, помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се игра денес во 16.15 часот на Ноу Камп. По 13 одиграни кола во Ла Лига кралскиот клуб е лидер со 33 бода додека Барса е на второто место со шест бода помалку.