Dejan Maksimoviç
02 Декември 2016•Ажурирај: 04 Декември 2016
ЦИРИХ (АА) - Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека Португалецот, Кристијано Роналдо, аргентинецот Лионел Меси и французинот Антони Гризман останаа во игра за освојување на „Златна топка ” , јавува Anadolu Agency (AA).
Големиот фаворит за освојување на овогодишната „Златна топка” Роналдо, која стана шампион на Европа и со Португалија и со својот клуб Реал Мадрид.
Прекрасна година зад себе има и Гризман, кој играше две финала, али ниту во една не славил. Во двата е поразен од тимовите на Роналдно. Прво со Атлетико Мадрид изгуби во финалето на Лигата на шампионите против Реал, а потоа и со Франција од Португалија во завршната утакмица на Европското првенство.
Меси е еден од најзаслужните што Барселона освои дупла круна во Шпанија. На патот до насловот на Шпанија постигна 26 голови.
Меси до сега е прогласен за најдобар фудбалер на годината во светот дури пет пати, а Роналдо три пати. Гризман по прв пат има прилика да го освои ова големо признание.
Името на овогодишниот добитник на „Златна топка” ќе биде објавено на 9 јануари 2017 година на гала вечерта во Цирих.