Adis Karaca
21 Декември 2015•Ажурирај: 25 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џозеф Сеп Платер и претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Мишел Платини казнети се со забрана во работа во фудбалот во наредните осум години. Одлуката веднаш стапува на сила, соопштено е денес од ФИФА, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението ФИФА потврди дека истрагата против Блатер беше насочена со уплата на два милиони швајарски франци на Платини 2011 година.
"Блатер како претседател на ФИФА одоби исплата на Платини која немаше правно основа во пишаниот договор, потпишан на 25.август 1999 година" , соопштено е од ФИФА.
Освен забрана за работа во фудбалот, Платини е санкциониран и со 80.000 швајцарски франци, а Блатер ќе мора да плати 50.000.
Додатни детали за пресудата на ФИФА во случајот "Блатер-Платини" ќе бидат познати накнадно.