?????
20 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
МИНХЕН (АА) - Од германскиот фудбалски клуб Баерн Минхен, денес соопштија дека моменталниот тренер на клубот Пеп Гвардиола заминува кон крајот на сезоната, а на негово место доаѓа Карло Анџелоти, јавува Anadolu Agency (AA).
Светските медиуми последните месеци шпекулираа дека Гвардиола претстојново лето може да ја заврши својата тригодишна соработка со Баерн, што е денес и службено потврдено од клубот.
Тој со Баерн освои две титули првак на Германија, германскиот Куп, Суперкупот како и титулата Првак на светот во 2013 година. Се претпоставува дека по завршувањето на преговорите ќе го преземе клубот Манчестер Сити.
Анџелоти, од друга страна, наводно, за новата позиција би требало да потпише договор на три години. Тој во текот на долгогодишната кариера како тренер водеше низа најсилни европски клубови.