спорт

Баерн Минхен го позајми Иван Перишиќ

Перишиќ минатата сезона со дресот на Интер одигра 45 натпревари и постигна 9 погодоци

Berad Büyük  | 13.08.2019 - Обновена : 14.08.2019
Баерн Минхен го позајми Иван Перишиќ

ИСТАНБУЛ (АА) - Клубот од германската Прва фудбалска лига (Бундеслига), Баерн Минхен, го позајми Иван Перишиќ кој го носеше дресот на италијанскиот клуб Интер, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на овој клуб, 30-годишниот Перишиќ на позајмица е трансфериран во германскиот клуб, со кој потпиша едногодишен договор.

Во договорот е наведена опцијата Баерн Минхен да може да го купи Перишиќ од Интер.

Перишиќ минатата сезона со дресот на Интер одигра 45 натпревари и постигна 9 погодоци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.