Erbil Başay
27 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
БЕРЛИН (АА)- Екипата на Баерн Минхен којашто игра во првата германска лига (Бундеслига) соопшти дека го продолжува договорот со францускиот фудбалер Франк Рибери до 30 јуни 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соoпштението на германскиот клуб договорот на 33-годишниот Рибери, којшто требаше да заврши на крајот на сезоната, е продолжен до крајот на сезоната 2017-2018.
Претседателот на управниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, истакна дека Рибери е успешен играч и дека навивачите го сакаат. Претседателот го истакна задоволството поради продожувањето на договорот на Рибери за уште една година.
Рибери, којшто на 333 натпревари за дресот на Баерн постигна 108 гола, 164 асистенции истакна дека е задоволон поради тоа што уште една година ќе игра за Баерн Минхен. Тој рече дека ќе се потруди во следните година и половина да даде продонес за екипата на Баерн.
Рибери во 2005 година го носеше дресот на Галатасарај, потоа во 2007 година се трансферираше во Баерн Минхен. Тој со екипата на Баерн ја доби Лигата на Шампионите, Супер Купот на УЕФА, Светскиот куп на кубовите, како и шестпати титулата на германската прва лига, Бундеслигата.