Hatem Kattou
28 Септември 2017•Ажурирај: 29 Септември 2017
МИНХЕН (АА) - Баерн Минхен официјално потврди дека ја прекина соработката со досегашниот италијанскиот тренер, Карло Анчелоти, јавува Anadolu Agency (AA).
По кризниот состанок, клубот на официјалната веб-страница наведе дека Анчелоти повеќе не е нивен тренер.
Помошниот тренер Вили Сањол привремено ќе го преземе клубот.
„Баварскиот гигант“ синоќа, во второто коло од групата Б од Лигата на Шампионите, беше поразен со 0:3 на гости кај Париз Сен Жермен, што предизвика бурни реакции кај лидерот на Баерн Минхен, кај навивачите и кај германската јавност.
По две кола во групата Б од Лигата на шампионите, Баерн е на второто место со три бода, колку што има третопласираниот Селтик.
Лидер е ПСЖ со шест, додека последнопласиран е Андерлехт, без поени. Во Бундеслигата, по шест одиграни кола, актуелниот шампион на Германија ја зазеде третата позиција со 13 поени, три помалку од лидерот Борусија Дортмунд.