Şenhan Bolelli
28 Септември 2017•Ажурирај: 29 Септември 2017
МАДРИД (АА) - Фудбалскиот репрезентативец на Шпанија и играч на Барселона, Жерар Пике, го поддржа референдумот за независност на Каталонија, планиран за в недела, 1 октомври, иако е забранет со одлука на Уставниот суд на Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од денес до недела, мирно се изјаснуваме. Нема да им дадеме никаква причина, бидејќи тоа е она што го сакаат. Да кажеме силно и гласно: Ќе гласаме!“, напиша Пике во пораката објавена на каталонски јазик на профилот на социјалната мрежа „Twitter“ (Твитер).
Барселона ќе биде домаќин на Лас Палмас во рамките на 7. коло на шпанската Ла Лига, токму на денот кога е закажан референдумот, така што се поставува прашањето дали Пике ќе може да гласа на денот на натпреварот.
Пике претходно има учествувано на собирите во Барселона на кои ја поддржа независноста на Каталонија. Поради своите политички убедувања во повеќе наврати е исвиркан од публиката за време на натпреварите на шпанската репрезентација.