Amina Zorniç
21 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Според првите неофицијални резултати кои вечерва ги објави Државната изборна комисија на Словенија 63,48 отсто на граѓаните на референдумот за измените и дополнувањата на Законот за брак и Законот за семејни односи додека 36,52 отсто гласаше за јавува Anadolu Agency (AA).
Избирачките места се затворени во 19 часот, а според првите податоци одзивот на гласачите беше 36,18 отсто. До 21.25 пребројано е вкупно 99,89 отсто од гласачките ливчиња.
Речиси, 1.7 милиони граѓани со право на глас околу 3.204 бирачки места, имаа право да се изјаснат за измените на законот кој требаше да ги изедначи правата на хетеросексуалните и хомосексуалните парови во земјата. Меѓутоа, на бирачките места се појави нешто повеќе од третина запишани во избирачките списоци.
Референдумот е донесен на иницијатива на конзервативните словенски групи за законот на кој се противеа Католичката црква и другите верски заедници во земјата.
Официјалните резултати од референдумот ќе бидат познати на 16 февруари.