Dejan Maksimoviç
29 Декември 2015•Ажурирај: 31 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Сонот на многу фудбалери е еден ден да потпишат договор со некој голем клуб. Таа желба во 24-та година му се оствари на Серџи Гвардиола, кој во понеделник потпиша договор со другиот тим на Барселона, со што доби огромна шанса да се приближи на првиот тим на каталонскиот клуб, јавува Anadolu Agency (AA).
Но, само неколку саати покасно неговиот договор е раскинат, наведуваат шпанските медиуми. Имено, раководството на Барселона дознало за неговите "напаѓачки твитови" кои беа насочени против клубот и Каталонија и кои на невкусен начин го величале Реал Мадрид.
Така Гвардиола беше член на Барселона само неколку саати, а за тоа се виновни неговите испади од пред две години.