БАРСЕЛОНА (АА) - Бразилскиот играч од редовите на шпанскиот клуб Барселона, Неимар, потврдувајќи дека добил понуда од претседателот на францускиот клуб Парис Сен Жермен (PSG), Насир Ел-Халифи, изјави дека е среќен во редовите на Барселона и затоа останал во шпанскиот клуб, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод новиот договор за реклама на Неимар со еден од спонзорите на ФК Барселона, компанијата „Gillette", се одржа прес-конференција на која Неимар потврди дека се сретнал со претседателот Ел-Халифи, и додаде: „Не само со него, ваков тип на средби имам со многумина, но јас сум среќен во Барселона. Јас сум од Барса, тука е мојот дом и затоа останав тука. Се надевам дека долги години ќе уживам во задоволството на Барселона. Не се гледам себеси надвор од Барселона. Досега не сонувам за ништо поинакво“.
На прашањето „Дали е вистина дека ви е понудена нето плата од 40 милиони евра годишно?“, Неимар одговори: „Не ми се допаѓа зборувањето околу бројките. Затоа во врска со тоа ништо не потврдувам.“
- „Кога би можел, би ги променил правилата за радување по постигнат гол“ -
Бразилскиот фудбалер, одговарајќи на едно прашање, се надоврза истакнувајќи дека би изменил поголем дел од правилата, од кои првично правилото за забрана за изразување радост од страна на фудбалерите по постигнат гол.
Неимар давајќи своја проценка, рече: „Доколку би имал можност, би ги сменил правилата поврзани со радоста на фудбалерите по постигнатиот гол. Порано ќе го соблечеше дресот и можеше да се прослави многу поубаво. Сега по постигнатиот гол мораш да се вратиш на ценарот од теренот, во спротивно судиите веднаш ќе те казнат.
- „Не сакам ништо повеќе од она што го имам сега“ -
„Моите соништа се остварија со облекувањето на дресот на бразилската репрезентација“, рече Неимар и додаде „Не сакам ништо повеќе од она што го имам сега. Не можам да го опишам задоволството кое го имав кога му купив куќа на моето семејство и на сестра ми. Сонував да играм за бразилската репрезентација. Сега моите соништа продолжуваат во Барселона. Сигурен сум дека ќе имаме добра сезона и ќе ги освоиме трофеите“.
Неимар кој со репрезентацијата на Бразил го освои златниот медал на Олимписките игри во Рио 2016, рече дека многу се гордее што бил дел од репрезентацијата и додаде: „Јас не бев лидер на тимот, туку само еден негов дел.“
- Неговите мислења за Меси -
Зборувајќи за жолто обоената коса и пуштената брада на Лионел Меси, Неимар се насмевна и прокоментира: „Може да биде уште подобар. Во моментов не е многу згоден.“
Неимар истакна дека на теренот многу добро се разбира со Меси: „За мене тој е многу добар фудбалер и играњето со него за мене е многу е лесно. Знаеме што ќе направиме, каде ќе трчаме и каде да побараме топка. Кога станува збор за слободните удари и јас и Луис Суарез со Меси имаме потполна колегијалност. И Меси знае кога е потребно ударите да ни ги препушти нам.“
На прашањето: „Дали го познавате Хаџи, кој во минатото во Барселона го носеше дресот со број11?“, Неимар одговори: „Знам дека беше голем фудбалер, но Хаџи не го понавам. За мене е чест што го носам дресот со неговиот број и засега овој број мене ми донесе многу среќа“.
Меѓу другото, Неимар во разговорот со новинарите изјави дека по завршувањето на кариерата не сака во никој случај да продолжи како тренер.
news_share_descriptionsubscription_contact
