Cuneyt Davut,Besar Ademi
24 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
ИДОМЕНИ (АА) - Грчката полиција врши иселување на стотици бегалци од капот во грчкиот град Идомени, во останатите бегалски кампови од Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова утро голем број на полициски сили со хеликоптерска поддршка ја започнаа операцијата за пренесување на бегалците.
Од почетокот на операцијата за пренесување досега со осум автобуси од кампот во Идомени пренесени се околу 500 бегалци во останатите кампови. Грчката полиција не дозволува влез на грчките и странски медиуми во кампот во Идомени.
Некои претставници на медиумите сакајќи да бидат во подобра можност да направат подобри кадри од кампот во Идомени, се приближиле до жичената ограда од македонската страна на границата, но претставниците на безбедносните сили на Македонија ги оддалечија на поголемо растојание од самата граница.
Вчера претставниците на грчките власти изјавија дека при пренесувањето на бегалците од Идомени во другите кампови нема да употребуваат сила. Претставниците на грчките власти, исто така, изразија уверување дека трансферот на бегалците од кампот ќе трае околу една недела, како и дека основна цел им е откако кампот во Идомени ќе биде испразнет, отворање на меѓународната железничка пруга која веќе два месеци е затворена поради бегалската криза.