спорт

Фортуна Дизелдорф се откажа од трансферот на израелски фудбалер

- Фудбалскиот клуб Фортуна Дизелдорф објави дека нема да потпише договор со напаѓачот на израелската репрезентација Шон Вајсман по реакцијата на навивачите само неколку часа откако се појави веста за трансферот.“

Fatih Erel  | 06.08.2025 - Обновена : 06.08.2025
Фортуна Дизелдорф се откажа од трансферот на израелски фудбалер

ИСТАНБУЛ (АА) - Германскиот клуб Фортуна Дизелдорф објави дека се откажал од планот во своите редови да го донесе израелскиот фудбалер Шон Вајсман, известува Анадолу.

Во соопштението што го објави клубот се вели:

„Детално го испитавме Шон Вајсман, но на крајот одлучивме да не го внесеме во нашите редови.“

Израелскиот весник „Хаарец“ ја коментираше одлуката за откажување на трансферот, наведувајќи:

„Германскиот клуб го откажа трансферот на израелскиот напаѓач поради неговите анти-Газа објави на социјалните мрежи. Фудбалскиот клуб Фортуна Дизелдорф објави дека нема да потпише договор со напаѓачот на израелската репрезентација Шон Вајсман по реакцијата на навивачите само неколку часа откако се појави веста за трансферот.“

Се очекуваше израелскиот репрезентативец Шон Вајсман вчера од шпанскиот тим Гранада да премине во германскиот клуб Фортуна Дизелдорф.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.