Египетски борач постави нов светски рекорд влечејќи 20 автомобили
Махрус, со прекар „Кабонга“, успешно ги влечеше возилата 10 метри

СКОПЈЕ (АА) - Египетскиот борач Ашраф Махрус (43) вчера постави нов светски рекорд влечејќи 20 поврзани возила во Ал-Шаркија, Египет, надминувајќи го претходниот рекорд што го држеше Канаѓанецот Кевин Фаст, кој повлече 15 возила, јавува Анадолу.
Поставувањето на новиот рекорд го следеа претставници на медиумите, гледачи и официјалниот Комитет на Гинисовата книга на рекорди.
Махрус, со прекар „Кабонга“, успешно ги влечеше возилата 10 метри.
Во разговор за Анадолу, Махрус рече: „Ова дефинитивно е рекорд. Како го постигнав? Прво, тоа е огромен напор - натчовечка сила. Познато е дека Тор Бјорнсон се смета за најсилен, бидејќи влечеше 15 возила, секое со тежина од околу 900 кг. Но, денес, влечевме 20 автомобили, секој со тежина не помала од 1.000 до 1.002 килограми, а можеби и до 1.750 килограми. Тоа е вистинско достигнување.“
Овој успех е еден од растечката листа на гинисови рекорди на Махрус. Во март, тој влечеше воз од 279 тони речиси 10 метри, a држи уште три рекорди: влечење на најголем товар на шини користејќи ги само забите, влечење на најтешката локомотива и најбрзо влечење на патно возило 100 метри за помалку од 40 секунди.
Махрус, кој е и претседател на Египетската федерација на професионални борачи, претходно го освои Гинисовото признание за кршење и јадење 11 сурови јајца за 30 секунди (февруари 2024 година) и влечење камион од 15.730 килограми со заби (јуни 2021 година).
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.