Ivana Ramadanova
31 Јануари 2016•Ажурирај: 01 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Вчеравечер од страна на полицијата во близина на клучката кај Неготино на автопатот во правец Гевгелија - Скопје било извршено запирање на патничко моторно возило марка „Матиз“ со велешки регистерски ознаки, јавува Anadolu Agency (AA).
Возилото на дадениот знак не застанало туку го продолжило движењето, по што полициските службеници со службено возило се упатиле по него каде било престигнато и запрено кај „Полна Цигла“.
Од страна на полициските службеници во возилото биле затекнати возачот М.Ѓ.(32) и петмина мигранти кои потоа се спроведени во Прифатниот центар за странци -Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Уште еден ваков случај синоќа се случи и на автопатот во близина кај село Смоквица кога од страна на полициски службеници било забележано ПМВ „Рено“ со скопски регистерски ознаки во кое влегувале повеќе лица - мигранти, а потоа заминало во правец на Скопје.
Полициските службеници му дале знак на возачот да го сопре возилото, истиот не постапил по нивната наредба и продолжил да се движи а на околу 300 метри го запрел возилото и заедно со дел од мигрантите се дал во бегство.
Од страна на полициските службеници пронајдени се и приведени 12 лица - мигранти од Алжир, кои се превезувале во возилото, по што истите се спроведени во Прифатниот центар за странци - Скопје.