Заврши Кипарската етапа на 6-тата Претседателска меѓународна трка со јахти
- Кипарската етапа на трката, чиј глобален комуникациски партнер е Агенција Анадолу, се одржа по повод 51-годишнината од Кипарската мировна операција.

ЛЕФКОША (АА) - Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) завршија Кипарската етапа на 6-тата Претседателска меѓународна трка со јахти и Кипарскиот куп „Аркин Карпаз Гејт Марина“, организирани по повод 51-годишнината од Кипарската мировна операција, известува Анадолу.
Кипарската етапа од 6-тата Претседателска меѓународна трка со јахти, на која учествуваа натпреварувачи од целиот свет, започна на 20 јули во Мармарис.
Во Кипарската етапа од трката, 150 спортисти на патеката во должина од 340 наутички милји, 100 часа се бореа со морските услови.
Во марината „Аркин Карпаз Гејт“ се одржа церемонија на доделување на наградите за Кипарската етапа од 6-тата Претседателска трка со јахти и Купот на кипарската марина „Аркин Карпаз Гејт“, чиј глобален комуникациски партнер е Агенцијата Анадолу (AA).
На церемонијата присуствуваа бројни гости, меѓу кои претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Ерсин Татар, турскиот амбасадор во Лефкоша, Али Мурат Башчери, турскиот министер за јавни работи и транспорт, Ерхан Арикли, пратеникот Фикри Торос, градоначалникот на Гирне, Мурат Шенкул, претседателката на Турската едриличарска федерација, Озлем Акдурак, и претседателот на Турската федерација за едрење - мото - веслање на ТРСК, Мехмет Салих Хавали.
Во воведниот говор на церемонијата, претседателот на Организацискиот комитет на претседателските меѓународни трки на јахти, Екрем Јемлихаоглу, рече:
„Се наоѓаме во точка за која сонувавме и ја планиравме пред шест години. Треба да направиме присуството на едриличарите и морнарите да се почувствува на секое море. Ова беше прекрасна трка која ни овозможи да му ги покажеме на светот сите убавини на нашата рајска земја и Кипар.“
Зборувајќи на церемонијата, претседателот на Турската Република Северен Кипар, Ерсин Татар, изразувајќи го своето задоволство што ваков натпревар се одржа во неговата земја, рече:
„Воодушевени сме што нашите едра учествуваат во вакви трки во Источниот Медитеран, нашата сина татковина, и што на меѓународната заедница им ја презентираа овдешната убавина, мирот и борбата на луѓето овде.“
Амбасадорот на Турција во Лефкоша, Али Мурат Башчери, им честиташе на учесниците за нивните напори и ја нагласи важноста од одржувањето на вакви меѓународни натпревари во Турската Република Северен Кипар.
Трофејот им беше доделен на победниците по воведните говори на церемонијата.
- Главната награда ја освои Поморската воена академија
Тимот „Арма“ од Поморската воена академија, под водство на Ахмет Гененч Торун, ја освои наградата „Најдобро коригирано време“, главната награда за Кипарската етапа од трката.
Трофејот на тимот му го врачи претседателот на Турската Република Северен Кипар, Ерсин Татар.
Едриличарскиот тим „Аркин“, под водство на Дениз Фичи, е добитник на наградата „Line Honours“. Тимот „Аркин“ ја заврши патеката долга 340 наутички милји за 50 часа, а наградата им ја врачи турскиот амбасадор во Лефкоша, Али Мурат Башчери.
Во категоријата ORC O, тимот на Академијата за едрење Мерсин, предводен од Ојтун Чалишлар, го освои првото место. Тимот за едрење „Аркин груп“, предводен од Дениз Фичи, се пласираше на втората позиција, додека тимот „Гозтепе Јелкен Аганлар“, предводен од Дерја Јенигун, го освои третото место.
Во категоријата ORC A, тимот на Поморската воена академија, предводен од Ахмет Ѓоненч Торун, го освои првото место, тимот на Поморската воена академија „Трамола“, предводен од Аџар Копарал, се пласираше на второто место, додека тимот „Анута“, предводен од Аликсеј Козиуков, се пласираше на третото место.
Во класата „Истражувач“, тимот „Акова“ на Поморската воена академија, предводен од Мехмет Али Шахин, го зазеде првото место, тимот на Универзитетот „Мудања“, предводен од Омер Бингол, се пласираше на второто место, додека тимот „Бркајќи го ветерот на Жак Филип“, предводен од Хасан Басри Аслан, го зазеде третото место.
На тимовите им беа доделени и специјални награди дизајнирани од Универзитетот за креативни уметности и дизајн „Аркин“ (ARUCAD), а на капитените на тимовите им беа подарени часовници.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.