спорт

Макс Верстапен победи на спринтерската трка за Големата награда на Белгија во Формула 1

- Пилотот на болидот Ред Бул, холанѓанецот Макс Верстапен, победи на спринтерската трка за Големата награда на Белгија во Светското првенство во Формула 1

Fatih Erel  | 26.07.2025 - Обновена : 26.07.2025
Макс Верстапен победи на спринтерската трка за Големата награда на Белгија во Формула 1

ИСТАНБУЛ (АА) - Пилотот на болидот Ред Бул, холанѓанецот Макс Верстапен, победи на спринтерската трка за Големата награда на Белгија во Светското првенство во Формула 1, известува Анадолу.

Спринт трката, што се одржа пред 13-тата трка во Формула 1 оваа сезоната, се возеше на патека Спа-Франкоршан во Белгија, долга 7.004 метри.

Верстапен прв мина низ целта со време од 26 минути, 37 секунди и 997 делови од секундата, и освои 8 поени.

Австралиецот Оскар Пјастри од Мекларен заврши втор, со заостанување од 753 илјадити делови од секундата зад Верстапен, а британскиот возач Ландо Норис од Мекларен го освои третото место со заостанување од 1 секунда и 414 илјадити делови од секунди зад победникот.

Квалификациите за утрешната трка започнаа денес во 16:00 часот, а трката за Големата награда на Белгија стартува утре со почеток во 15:00 часот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.