Gamze Türkoğlu Oğuz,Hasan Esen
22 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Во главниот град на Белгија, Брисел, се случи експлозија и во метро-станицата во близина на институциите на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во вестите на белгиските медиуми е објавено дека во една метро-станица во близина на институциите на ЕУ се случила експлозија, дека има повредени а од регионот се издигна чад.
По експлозијата метрото беше затворено.
Ова утро на аеродромот "Завентем" во Брисел се случија две експлозии. Во експлозиите загинаа најмалку 11 лица.