Gamze Türkoğlu Oğuz,Hasan Esen
22 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Белгија, Јан Јамбон, изјави дека по двете експлозии на аеродромот „Завентем” во Брисел, алармот за тероризам во земјата е дигнат на највисоко ниво, јавува Anadolu Agency (AA).
Јамбон изјави дека нивото за терористичка закана во земјата е дигнато на највисоко ниво, додека еден полициски службеник рече дека во експлозиите загинале најмалку 11 лица и дека има многу повредени.
Сите летови во Брисел се откажани.
Во утринските часови кога утринските летови се чести, на аеродромот „Завентем” во Брисел, се случија две експлозии.
Портпаролот на аеродромот, Анке Франсен, кажа дека во двете експлозии кои се случија во делот за поаѓање на патниците повредени се многу лица и дека екипите на првата помош ги згрижиле повредените.
Аеродромоте по експлозијата е евакуиран.