Ömer Tuğrul Çam
17 Април 2023•Ажурирај: 18 Април 2023
БРИСЕЛ (АА) - Белгиската полиција заплени 600 килограми кокаин во пристаништето Антверпен, известува Анадолу.
Обвинителството на белгиската покраина Источна Фландрија објави дека две лица се лишени од слобода во врска со шверцувањето на 600 килограми кокаин што е откриен во опсежна акција спроведена во текот на изминатиот викенд.
Во соопштението се наведува дека дрогата е запленета на брегот на реката Шелда што води кон пристаништето Антверпен, додавајќи дека во акцијата се приведени двајца малолетници.
Малолетниците му се предадени на надлежниот суд за процесуирање.