?????
05 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Белгиската влада објави план според кој има намера да вработи над 1.000 полицајци во следните четири години за борба против радикализмот и екстремистичкото насилство, јавува Anadolu Agency (AA).
Планот на јавноста денес ѝ го претстави министерот за внатрешни работи на Белгија, Јан Јамбон. Според него, оваа година ќе бидат вработени над 300 нови полицајци, а над 500 ќе се вработат во текот на следната година.
Jамбон истакна дека над 300 нови службеници ќе бидат распоредени во Моленбек и други населби со историја на радикален ислам. Меѓу новите вработени ќе бидат и 96 полициски инспектори и 260 полицајци кои ќе работат со ТВ камери позиционирани за следење на случувањата на патните правци.