Sayed Khodaberdi Sadat
04 Февруари 2016•Ажурирај: 04 Февруари 2016
МЕЗАР-И-ШЕРИФ (АА) - Најмалку 22 лица загинаа во конфликтот кој меѓу талибанците и припадниците на безбедносните сили изби во Кундуз во северен Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на полицијата Кундуз Мухамед Масум Сафеј изјави дека судирот се случил кога припадниците на безбедносните сили спроведувале акција на територијата на провинцијата Али Абад во Кундуз.
Конфликтот траеше со часови, а биле убиени 17 талибанци и пет припадници на силите за безбедност. Меѓу жртвите, рече Сафеј, се и двајца важни талибански команданти. За време на акцијата е запленето оружје и муниција, и областа е "исчистена" на Талибанците.
Портпаролот на Талибанците Забихула Мучахит изјави дека во конфликтот загинаа девет припадници на силите за безбедност.