Cuneyt Davut,Besar Ademi
25 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
ИДОМЕНИ (АА) - Грчките полициски сили во рамките на операцијата за префрлање на над 8 илјади бегалците од кампот во Идомени на грчко-македонската граница во други кампови на северот од Грција, вчера префрлија 2.031 бегалец со 40-тина автобуси, додека денеска се префрлени над 2 илјади бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот за информации од јавен карактер на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНЦХР), Кристофер Боиан, кој помогна во операцијата за префрлање на бегалците, на дописникот на АА му изјави дека започнале со регистрирање на бегалците кои се префрлаат во други кампови, што би помогнало при поднесување на барање за азил во Грција или друга европска земја.
Директорот за информации од јавен карактер на УНЦХР, Кристофер Боиан, соопшти дека операцијата за трансфер на бегалците е причина за губење на надежта на бегалците, но истакна дека тоа во моментов е единствено решение.
„Една од значајните точки е фактот што бегалците во кампот со месеци живеат под лоши услови за живот. Деновиве сите бегалци со кои разговаравме покажаа интерес околу трансферот во друите кампови. Најважна работа во ова организирање на трансферот е тоа да се спроведува во мирни рамки според меѓународните закони и досега не се соочивме со никаков проблем“, соопшти Боиан, додавајќи дека веќе два дена е во кампот во Идомени, за да го следи префрлувањето на бегалци.
Поголемиот дел од бегалците во кампот во Идомени повикот на грчките власти за трасфер во други кампови го прифатија без противење, додека некои бегалци, изјавувајќи дека условите за живот во другите кампови се многу полоши од условите во Идомени, не го прифаќаат трансферот.
Бегалците кои неприфаќаат да бидат префрлени во другите кампови во северните подрачја на Грција, велат дека трансферот не е решение на проблемот и дека единствено решение е отворање на балканскиот коридор и овозможување на бегалците да го продолжат својот пат кон европските земји.
Бегалецот Џунејд Сафедин кој не го прифати трансферот во другите кампови, заедно со своето семејство се подготува пеш да замине во друг камп кој се наоѓа во близина на Идомени.
„Каде се човековите права? Каде е Ангела Меркел? Каде е Европа? Мислам дека не постојат.“
Сириецот Џунејд истакна дека се сретна со претставниците на грчката власт кои го спроведуваат трансферот во другите кампови и им соопштил дека условите за живот во тие кампови се многу полоши.
Покрај тоа Џунејд изјави: „Не сакаме да одиме во камповите каде што нè носат грчките власти, бидејќи во нив нема да имаме подобри услови од овие кои ги имаме во Идомени. Повторно топлите и дождливи денови ќе ги минуваме во мали шатори. Во нив ќе имаме проблеми со храна и вода. Идомени во однос на овие кампови е многу подобар.“
Во операцијата за трансфер на бегалците на различни локации, учество земаат пнад 1.000 грчки полицајци и досега според информациите не е употребена присила или насилство, но во кампот во Идомени не им е дозволен пристап на грчките и странските медиуми.
Од почеткот на операцијата за трансфер, овие два дена се префрлени над 4 илјади бегалци во другите кампови во северните делови на Грција, додека во кампот во Идомени останаа уште околу 4 илјади бегалци. Во моментов низ цела Грција згрижени се околу 55.000 бегалци.