Mehmet Hatipoğlu
25 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
АТИНА (АА) – Едно лице е убиено а двајца се повредени, денес, при напад на бегалците кои чекале на македонско-грчката граница од грчката страна, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите, бегалците биле нападнати со нож во утринските часови на бензинска станица во близина на граничниот премин Евзони.
Откако зеле 400 евра и еден мобилен телефон напаѓачите избегале од местото на настанот.
Во нападот еден бегалец од Пакистан починал, додека двајца се повредени, од кои еден е во критична состојба.
Полицијата уапси неколку лица за кои се сомнева за поврзаност со инцидентот.