Besar Ademi
16 Септември 2016•Ажурирај: 17 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Република Македонија оваа година ќе биде домаќин на 31. Светско воено првенство во борење, во организација на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, на кое ќе учествуваат повеќе од 420 спортисти од 32 различни земји, од четири контитенти. Овој важен настан на воените спортски првенства ќе биде одржан од 19 до 25 септември, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, јавува Аnadolu Agency (AA).
Натпреварувањето коешто има за цел да го промовира мирот во целиот свет е највеличествениот настан во Македонија за 2016 година, а исто така, натпреварувањето е дел од календарот на Меѓународниот комитет за воени спортови и на Светската меѓународна организација за борење.
Државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска-Ристовска, истакна дека Македонија е дел од светското семејство на воените спортови од 2005 година и организацијата и одржувањето на овој настан во земјава ја докажуваат нејзината посветеност во развивањето на воените спортови.
„Доказ дека македонската војска е посветена на развиењето на спортските активности за нејзините членови е тоа што ни е дадено од страна на Меѓународната федерација за воените спортови да бидеме организатори на ова првенство. Во македонската историја, за првпат се случува да бидеме домаќин на ваков светски настан“, рече Ристовска.
Од друга страна, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, Мухамет Рацај, рече дека целта на овие активности коишто се дел од секојдневните воени активности е да се промовира спортот како и пријателството меѓу учесниците.
„Важноста на спортските активности, и генерално на спортот, за војската претставува посебна предност, затоа што овие спортски активности не само што помагаат за здравјето и за физичкото подобрување, тие претставуваат и можност за стекнување пријателства, почит и понатамошната соработка“, рече Рацај.