Besar Ademi
31 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Воениот музеј во состав на Министерството за одбрана на Република Македонија со свечена церемонија и појава на баталјонот во чест на АРМ, пред Триумфалната порта "Македонија" ја одбележа својата 10-годишнина. Воениот музеј на Армијата беше отворен во 2006 година на иницијатива на Министерството за одбрана во соработка со Министерството за Култура, јавува Anadolu Agency (AA).
Директор на Воениот музеј, Александар Стојчев рече дека на музејот кој тој го води, главната задача му е да ја потсетува војската на минатото на оваа земја, и да ја зајакне меѓународната свест преку соживотот на граѓаните на Република Македонија за заедничка култура во оваа земја.
"Воениот музеј на Република Македонија е институција која има за цел да открие, собира, пребарува, зачува и да изложи предмети, документи, карти и други аргументи во врска со воената историја на Македонија", вели Стојче.
Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски рече дека со воспоставувањето на овој музеј се создадени основните услови за збогатување на индивидуалните и колективните воени сеќавања во минато на земјата.
"Воениот музеј има големо значење како место каде се собираат личности за изложби и настани од вековните војни во оваа земја. Овие експонати се потсетување за нашата тактовина но и за идните поколенија. Воениот музеј е единствената национална институција каде систематски се собираат и се зачуваат културните ресурси на нашата модерна армија ", рече Јолевски.
Јолевски рече дека воениот музеј се развива не само како извор на патриотизам, туку, исто така и како извор на соживотот во заедница помеѓу различни потекла кои живеат во Македонија.