Seyit Şamil Kurt
26 Ноември 2026•Ажурирано: 26 Ноември 2026
Турција денес упати сочувство до Египет поради смртоносниот пожар на цистерна со гориво, во кој загинаа 31 лице, а 21 е повредено, јавува Анадолу.
Министерството за надворешни работи на Турција изрази длабока тага поради загубата на животи во инцидентот што се случи синоќа во египетската провинција Гиза.
„Молиме за милоста на Алах за оние што ги загубија животите во несреќата, упатуваме сочувство до нивните семејства и до народот на Египет, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, се наведува во соопштението на Министерството.