Mutlu Demirtaştan
10 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Sвездата на екипата на Барселона, лидерот во шпанската фудбалска лига (La Liga), Лионел Меси, изјави дека би бил среќен доколку Реал Мадрид сезоната ја заврши без освоена титула, јавува Anadolu Agency (AA).
Меси за шпанските медиуми истакна дека посакува Лигата на шампиони да ја освои Атлетико Мадрид и додаде: „Никој во Барселона не сака Реал Мадрид да го освои Пехарот на Лигата на шампиони. Би биле среќни доколку Атлетико победи во Лигата на шампиони. Нивниот успех е извонреден. Имаат тежок противник и нема да им биде лесно да го победат. Техничкиот директор Диего Симеоне постигна одлични резултати и заслужува признание.“
Меси (28) потсетувајќи дека во четвртфиналето на Лигата на шампиони загубија од Атлетико М. изјави: „Испаѓањето од Лигата на шампионите за нас беше голем удар. Во првиот натпревар бевме подобри од Атлетико и требаше на сопствени терен да го загарантираме преминот во следното коло. За жал, на стадионот Висенте Калдерон, настаните не се одиваа како што посакувавме.“
Првотимецот на Барселона, Меси, кој сезонава во одиграните 47 натпревари постигна 41 погодок и имаше 24 асистенции, истакна дека сезоната сака да ја заврши на најдобар можен начин.
„Би било прекрасно доколку сезоната ја завршиме со две титули, Шампиони во Ла Лига и победа во кралскиот куп. Ни останаа уште два финални натпревари во Ла Лига и Кралскиот куп. Во првенството имавме загуба на неочекувани поени, но бргу се консолидиравме. Сѐ е во наши раце“, соопшти Меси.
Во трката за шампион на Ла Лига учествуваат првопласираната Барселона со 88 и второпласираниот Реал Мадрид со 87 поени. Двете екипи во последното коло играат на гости, Барселона против Гранада, додека Реал Мадрид му гостува на Депортиво Лакоруња. На 22-ри мај во финалето на шпанскиот Краскиот куп Барселона ќе се сретне со екипата на Севиља.