Bakir Tiro
05 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
МАДРИД (АА) - Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид во саботата вечер постави два рекорда со кој не може да се фали. Откако е исклучен од Ел Класико, во кој неговиот тим на „Камп Ноу” ја победи Барселона (2 :1), стана фудбалер со најмногу црвени картони во најголемото светско дерби.
Рамос до „рекордот” стигна така што по четврти пат доби црвен картон во натпреварите кои популарно се нарекуваат „Ел Класико”, јавува Anadolu Agency (AA).
И тоа не е сè, Рамос изминатиот викенд по бројот на исклучувања стана Реалов играч „број еден” и според бројот на исклучувања. Во кариерата успеа да собере 21 црвен картон, што до сега не му успеало ниту на еден фудбалер на “кралскиот клуб” во неговата историја.