Yasin Yağcı
12 Мај 2016•Ажурирај: 14 Мај 2016
ХАГ (AA) – Тренерот на холандскиот фудбалски великан Ајакс, Франк Де Боер поднесе оставка и го напушти клубот по драматичното последно коло во кое со реми против аутсајдерот титулата првак му ја препушти на најголемиот ривал ПСВ Ајтховен, јавува Anadolu Agency (AA).
Управата на Ајакс соопшти дека е прифатена оставката на Де Боер и дека е раскинат неговиот договор со клубот кој го водеше во изминатите шест години и освои четири титули во холандското првенство и еден трофеј од холандскиот куп.
Де Боер изјави дека поминал убави моменти во текот на фудбалската и тренерската кариера во Ајакс, но дека дојде време за промени.
Додаде дека се уште не знае како ќе ја продолжи кариерата, но дека Ајакс е негов клуб и дека тоа така секогаш ќе остане.
Директорот на Ајакс и нкогаш славниот голман Едвин ван дер Сар рече дека е изненадек со оставката на Де Боер и дека е тажен поради неговото заминување од клубот.
Холандските медиуми пишуваат дека актуелниот тренер на израелскиот Макаби од Тел Авив Петер Боз е најсериозен кандидат да го замени Де Боер на клупата на Ајакс.
Иако како лидер на табелата требаше да го дочека последното коло од шампионатот, Ајакс не успеа во недела да ја освои титулата првак на Холандија. Му требаше победа против последниот Де Графшап да ја обезбеди петтата титука во шест години и 34 во историјата на клубот, но изненадувачкиот реми 1:1 му овозможи на ПСВ со победа против Цволе да дојде на тронот и да ја одбрани титулата која ја освои и минатата година.