Dejan Maksimoviç
09 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
ТОРИНО (АА) - Кристијано Роналдо денеска тренираше со соиграчите во пресрет на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампиони во која неговиот Јувентус во Амстердам ќе биде во дуел со Ајакс, пренесува Anadolu Agency (AA).
Роналдо кон крајот на минатиот месец се повреди за време на натпревар на квалификациите за Европското првенство 2020 меѓу Португалија и Србија.
Португалецот оттогаш не тренираше со Јувентус, а не заигра уште од хет-трикот со кој му помогна на својот клуб да го помине Атлетико Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампиони.
Иако враќањето на Роналдо е прекрасна вест за тренерот Масимилијано Алегри, има и лоши, а тоа е дека Емре Кан и Џорџо Кјелини и понатаму се надвор од терен поради повреда и веројатно нема да конкурираат за средба во Амстердам.
Првиот натпревар на четвртфиналето на Лигата на шампиони меѓу Ајакс и Јувентус ќе се игра утре со почеток во 21:00 часот. Реваншот е на програмата на 16 април во Торино.