Oktaj Omeragik
09 Април 2019•Ажурирај: 10 Април 2019
СКОПЈЕ
Европското ракометно првенство за мажи 2020 година, на репрезентативно ниво овој пат е во организација на три држави, Австрија, Норвешка и Шведска. Европскиот шампионат ќе трае од 10 до 26 јануари. Во рамките на квалификациите по групи, утре и задутре ќе се одиграат натпреварите од третото коло. Финалето на ова натпреварување ќе се одржи во Стокхолм, главниот град на Шведска.
На ова Првенство за првпат ќе учествуваат 24 репрезентации. Директен пласман на Првенството имаат организаторите Австрија, Норвешка и Шведска, а четвртата репрезентација е последниот европски шампион, репрезентацијата на Шпанија.
Досега се одиграни 2 кола од квалификациите, кои се поделени во 8 групи со по 4 репрезентации.
Репрезентацијата на Северна Македонија се наоѓа во Групата 3, заедно со репрезентациите на Исланд, Турција и Грција. Репрезентацијата на Северна Македонија во досегашниот тек од квалификациите има половичен успех од една победа и еден пораз. Ја совлада Турција со резултат 31:27, а беше поразена од Грција, со резултат 28:26.
Утре Северна Македонија ѝ гостува на репрезентацијата на Исланд. Натпреварот ќе се игра во Рејкјавик со почеток во 21:45 часот.
Во рамките на 3. коло од квалификациите, на 10 и 11 април ќе се одиграат следните натпревари:
10 април (среда):
Полска - Германија
Грција - Турција
Чешка - Белорусија
Италија - Словачка
Украина - Фарски Острови
Косово - Израел
Исланд - С. Македонија
Белгија - Швајцарија
Црна Гора - Данска
11 април (четврток):
Србија - Хрватска
Романија - Литванија
Финска - БиХ
Естонија - Летонија
Холандија - Словенија
Русија - Унгарија
Португалија - Франција